Гостивар: Полицијата најавува зголемено присуство на улиците и казнување на непрописно паркираните

Од:

Во пресрет на празниците и зголемениот прилив на возила со доаѓањето на печалбарите, гостиварската Полициска станица нагласено внимание ќе му посвети на паркирањето на возилата во градот, информираат од СВР Тетово.

Активностите ќе се спроведуваат до крајот на овој и во првата половина на идниот месец, период кога вообичаено се зголемува вкупната сообраќајна фрекфренција на подрачјето.

– Без исклучоци ќе се санкционираат сите прекршоци кои се однесуваат на погрешно паркирање, со цел да се обезбеди непречено и безбедно движење на возилата и пешаците по улиците и тротоарите. Оние кои го попречуваат нормалното движењето ќе се подигнуваат сo „пајак-служба“ и за што прекршителите, покрај другото, ќе треба да платат и определен паричен надоместок, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР