Се повеќе текстилни компании од земјава се охрабруваат лон – производството да го заменат со готов производ, да креираат сопствен бренд кој освен тука, би го пласирале и на надворешниот пазар.
За тоа бараат поддршка од државата која би обезбедила, како што велат, субвенции за нови технологии и современи капацитети, но и од турските стопанственици зашто имаат долгогодишно искуство и голем број партнери во трети земји.
Ова беше истакнато на денешниот македонско-турски бизнис форум што го организираа Стопанската комора на Македонија Турција (МАТТО) и Асоцијацијата на извозници од Денизли.