Доделени наградите за најдобри трговски објекти за 2017 година

Од:

Град Скопје и Агенцијата Свот Рисерч (SWOT Research) по единаесетти пат извршија избор за најдобри трговски објекти, активност која што и оваа година се реализира во рамките на проектот „Месец на трговијата”.

Наградите за најдобрите трговски објекти за 2017 година ги додели претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

– Проектот „Месец на трговијата” е проект преку кој, може да се согледа прогресот во работењето низ времето, но и што е тоа што трговците ги чини најдобри. Како едни од можните начини за успех на трговците и за нивно професионално напредување и усовршување е тековното следење на актуелните иноваци, како императив да се задржат потрошувачите. Добро познато е дека, потрошувачите се најважните субјекти на пазарот, чие познавање, овозможува и осознавање кон која категорија на производи, потрошувачите се фокусирани – кажа Јанчева.

Свот Рисерч (SWOT Research) преку својата мрежа на тајни купувачи ги оцени трговците според примарните критериуми и според оценките избрани се најдобрите три трговски објекти во повеќе дејности, кои ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж.

За трговски објекти за 2017 година се избрани следните:

Категорија „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“

1. Агротехна
2. Горење
3. Грос комерц

Категорија „Модни додатоци и накит“

1. Сигма (Sigma)
2. Тесоро (Tesoro)
3. Ариете

Категорија „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема“

1. АМЦ
2. Анхоч ПС Маркет (ANHOCH PC Market)
3. Дуна Истор (Duna iStore)

Категорија „Парфимерии и козметика“

1. L’Occitane
2. Ри – Ма
3. Мак косметикс (МACcosmetics)

Категорија „Салони за мебел“

1. Леснина Ми
2. Акрон
3. Прима мебел

Категорија „Супермаркети“

1. Гранап
2. Жито
3. Рептил

Категорија „Бутици“

1. Сити фешн Пиер Кардин (CITY FASHION Pierre Cardin)
2. Пол енд Шарк (Paul & Shark)
3. Кеги Шуз

Истражувањето беше спроведено во текот на месец ноември 2017 година, каде беа опфатени повеќе од 900 трговски објекти во 7 индустрии (категории). Истражувањата на терен ги спроведуваа независни и објективни тајни купувачи кои го истражува и оценува квалитетот на услугата според однапред утврдени критериуми и стандардите на МСПА (MSPA).

Во рамки на ова обемно истражување тајните купувачи ги оценуваа објектите преку голем број на критериуми, како што се изгледот на продажното место, првиот контакт со посетителите, услугата на купувачите, продажните вештини на вработените, завршниот контакт и друго.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух