Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ, ќе се појави на турнирот „Тај брејк тенс” во Мелбурн во јануари, што ќе биде негова увертира за Австралија Опен.
На невообичаен турнир кој има само еден сет како тај-брејк до 10, Србинот и Австралијанецот Ник Кирјос ќе се борат со уште шест тенисер за трофејот на турнирот со награден фонд од 250 илјади долари.
Натпреварите се играат на теренот „Маргарет Корт“ од 10 до 15 јануари.