Предлог-измени на Законот за полиција за ограничување на средствата за присилба

Од:

Владата на синоќешната седница го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полиција и донесе одлука да го достави до Собранието на Република Македонија. Со предлогот, меѓу другото, се предвидени измени кои ја ограничуваат употребата на средствата за присилба кои може да се употребат кон група, како што се физичка сила, полициска палка, електричен парализатор, хемиски средства, гумен пиштол, службени кучиња, специјални возила за јавен ред и мир и пиротехничко-експлозивни средства.

– Предлог-измените тргнуваат од недореченостите кои се однесуваат на дискреционото право на полициските службеници при примената на овие средства за присилба и од недостигот на одредби со кои се уредува рангот на полициски службеник кој ја одобрува употребата на наведените средства за присилба. Во анализите се укажува и на потребата од додефинирање на начинот, условите и ситуациите на употреба на електричниот парализатор и гумените куршуми, соопшти владината прес-служба.

Исто така, со предлог-измените се препорачува доуредување на материјата за користење на средствата за присилба со јасно утврдени процедури и правила, траење и интензитет на користењето, ограничување кога може да се користат, како и мерки за претпазливост и заштита на здравјето.

Врз основа на согледувањето на наведените забелешки, Министерството за внатрешни работи изврши соодветно содржинско и концептуално доуредување на законската материја, по што се очекува хармонизирање на наведената содржина со меѓународните стандарди.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби