Турски компании – производители на текстил за домашна употреба, хотели и мебел денеска во Скопје ќе имаат директни средби со потенцијални македонски партнери за доработка и дистрибуција на производите.
Б2Б средбите го организираат Стопанската комора на Македонија Турција (МАТТО) и Асоциацијата на извозници од Денизли.
– Претставници на текстилниот кластер од Денизли, Република Турција, се во Скопје со цел изнаоѓање македонски трговски и производни компании за соработка. Асоцијацијата на извозници од Денизли брои 1500 членки кои минатата година реализирале три милијарди долари извоз, информира МАТТО.