Вељановски: ВМРО-ДПМНЕ не ги прифаќа условите на опозицијата зашто се плаши

Од:

СДСМ ќе протестира се додека не се врати уставниот поредок и парламентарната демократија во Македонија рече за А1, Митре Вељановски, пратеник од СДСМ.

„СДСМ ги кажа своите услови и барања за надминување на оваа политичка криза. Тие барања се само еден мал исчекор што треба да го направи владата, доколку излезе од нејзиното партиско слепило и доколку барем еднаш помисли на националните интереси. После 24. декември оваа власт нема кредибилитет и капацитет да организира фер и демократски избори. СДСМ од владата бара да ги прифати условите, да се организираат предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори, но тоа да го направи влада од доверба“ рече Вељановски.

Вељановски рече дека прифаќањето на барањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ е многу малку од она што вистински оваа влада треба да го направи.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ верува вистински дека ја има довербата на граѓаните тоа е најмалку што треба да направат. Бидејки владата сама докажа дека не е подготвена за фер и демократски избори, опозицијата бара како да го заштити изборното право на секој граѓанин и како да го одбрани народот од она што го најави власта дека е подготвена на се и сешто само да остане на власт“, додаде Вељановски.

Вељановски рече дека остануваат и на барањата за измени на изборниот законик, имплементорање на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, рамномерна застапеност на политичките партии во медиумското рекламирање и прекин со трошење на народни пари за партиски интереси.

„Само под такви услови опизоцијата ќе оди на избори и сигурно ќе победи. После сите овие случувања на социјален политички и економски план ВМРО ДПМНЕ нема што да очекува. Токму од тоа се плашат и затоа не ги прифаќаат овие демократски барања на опозицијата“ рече пратеникот Вељановски.

Би можело да ве интересира

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски