Ердоган: Турција ќе поднесе резолуција до ОН за САД да ја повлечат одлуката за Ерусалим

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ќе поднесе резолуција до Генералното собрание на ОН со која што ќе ги повика САД да ја повлечат својата одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

Таква резолуција вчера поднесе Египет до Советот за безбедност на ОН, но САД стави вето на резолуцијата, иако останатите четиринаесет земји-членки ја поддржаа.

– Сега со Божјата волја, ние ќе поднесеме резолуцијата во Генералното собрание на ОН, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со претседателот на Џибути Исмаил Омар Геле.

– Поддршка од две третини во Генералното собрание во реалноста ќе значи отфрлање на одлуката на Советот за безбедност, додаде Ердоган.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија