Бочварски: Да се отстранат пречките, стереотипизирањето и дискриминацијата во образованието

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, одржа средба со претставници и ученици од ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип. На средбата се дискутираше за начините на коишто Општина Штип ќе обезбеди поддршка за унапредување на работата на основните и средните училишта.

Градоначалникот Бочварски истакна дека е особено важно да се гасифицираат училиштата, со цел да се заштеди енергија и да се подобрат условите за работа во нив. Со тоа ќе се овозможи повеќе средства да се инвестираат во образовните институции и во образовните процеси, што ќе придонесе за поголем квалитет во образованието, присуство и видливост на учениците од Штип на регионални, државни и меѓународни натпревари.

Градоначалникот на Општина Штип посочи и дека во буџетот на Општина Штип што се подготвува за 2018 година предвидено е повеќе средства да бидат наменети за меѓуучилишни спортски натпревари и игри, но и за благодарници и признанија за ученички и ученици кои ќе добиваат награди на натпревари од различни области. Со тоа Општина Штип ќе ги мотивира учениците, но и наставничкиот кадар да остваруваат с поголеми успеси.

Ученичките и учениците коишто присуствуваа на оваа средба од градоначалникот побараа повеќе места со забавни содржини во коишто тие би можеле да го поминуваат слободното време. Градоначалникот посочи дека планирана е изградба на аква-парк, затворен базен, а и дека се разгледуваат можностите за отворање кино сала. Така ќе порасне квалитетот на секојдневното живеење во Општина Штип, а најмладите ќе бидат задоволни и среќни што живеат во оваа Општина.

Градоначалникот Бочварски истакна дека нему особено му е важно во образовниот процес во сите образовни институции во општината да има целосна инклузија на сите ученици, но и да се отстранат пречките, стереотипизирањето и дискриминацијата, како и да се обезбеди рамноправност за сите учесници во образовниот процес.

На крајот од средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу градоначалникот на Општина Штип и ООУ „Ванчо Прќе“, со којшто се гарантира меѓусебната соработка и координација во креирањето и имплементацијата на проекти од заеднички интерес, а со цел унапредување на наставниот процес.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена