Општина Центар доби грант од ЕУ како носител на проектот „Преиспитување на вредностите за соработка“

Од:

Општина Центар доби грант во висина од 150.000 евра од програмата на Европската унија – Европа за граѓаните.

Проектот „Преиспитување на вредностите за соработка“ е добиен заедно со Европската асоцијација за локална демократија АЛДА, во која членуваат 190 локални власти, асоцијации на локални власти и невладини организации.

Главна цел е жителите на општина Центар да учествуваат во носењето на одлуки на локално ниво преку иновативни ИТ алатки и механизми.

Советниците вчера дадоа согласност и го овластија градоначалникот Саша Богдановиќ да го потпише договорот, со што општината ќе стане главен носител на проектот, а партнери се општини од Италија, Словенија, Португалија, Србија, Франција, Албанија, Латвија и Романија. Проектот опфаќа меѓусебно поврзани активности кои ќе се спроведуваат од март, 2018 до фебрурари 2020.

Домаќин на првиот меѓународен настан ќе биде општина Центар, а на другите три меѓународни и четири локални настани ќе се врши анализа на спроведување на принципите на отворена влада, пилот акции за користење на ИКТ, фокусирање на аспектот на соработка, одговорност и транспаретност.

Ќе се демонстрираат конкретни примери и поддршка на развојот на услуги на локално ниво, финансиски инструменти за поддршка на функционирање на отворена влада и соработката со граѓаните.

Завршниот настан ќе се одржи во Брисел на кој ќе се презентираат постигнатите резултати, заедно со конкретни препопраки од граѓаните, за да се подигне свеста за важноста на соработката со локалните власти, граѓаните и ЕУ, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски