Премиера на документарен филм за Владимир Георгиевски

Од:

Во Кинотеката на Македонија вечер од 19.30 часот ќе биде отворена изложба од циклусот „Македонскиот Дон Кихот“ и премиера на истоимениот документарен филм на ЕФА Продукција за македонскиот сликар и професор Владимир Георгиевски (1942-2017) режиран од Константин Плевнеш.

– Изложбата ќе ја отвори Климе Коробар од асоцијацијата „Икон“, а настанот ќе биде придружен и со изведба на композиции на Шуберт, еден од омилените композитори на Владимир Георгиевски, во изведба на Фјола Исмаили – виолончело и Дарко Мариновски – пијано, соопшти ЕФА Продукција.

Изложбата посветена на четиридецениското истражување на темата Дон Кихот, инспирирана од Сервантес, во втората половина на 2018 година се очекува да биде презентирана заедно со документарниот филм во галерија во Мадрид.

Документарниот филм ќе има уште една проекција во Кинотека, на 4 јануари 2018 година.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он