„Мазев и јас“ – годишна изложба на основни училишта

Од:

Националната галерија на Македонија денеска ќе отвори годишна изложба на основни училишта, насловена „Мазев и јас“. Изложбата ќе биде во објектот Даут-пашин амам каде што веќе два месеца е поставена изложбата „Петар Мазев, 90 години од раѓање“.

– Овој проект кој го презентира делото на бардот на македонската модерна и постмодерна беше вклучен во едукативната програма на Националната галерија на Македонија. Беа одржани работилници во кои учествуваа ученици од основните училишта од Скопје. Младите креативци најнапред имаа можност да ја разгледаат изложба на Петар Мазев, а на ликовните работилници, црпејќи инспирација од неговото творештво, создаваа уметност совладувајки ги првите чекори на сликарските техники. Создадоа необични и оригинални творби кои носат заеднички потпис „Мазев и јас“, соопшти НГМ.

Годишната изложба на основните училишта ќе биде хуманитарна, а со собраните средства од донации ќе биде обезбеден сликарски прибор за учениците со оштетен слух и говор, штитеници на „Партенија Зографски“ од Скопје. Изложбата ќе биде поставена до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска