Јавна дискусија за можни измени на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Министерството за правда, Министерството за информатичко општество и администрација и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност во Владата на Република Македонија.
– Отворањето дијалог со медиумската заедница и граѓанските организации за прашањето на потребата од евентуални измени на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, е предвидено согласно Планот 3-6-9 на Владата на РМ, а со цел да се разменат мислења во однос на актуелното законско решение и неговата имплементација во пракса, велат од Министерството за правда.