Во Канада пронајден фосил стар 110 милиони години

Од:

Во канадската покраина Алберта, во градот Форт МекМари пронајден е фосил стар 110 милиони години.

Д-р Доналд Хендерсон од музејот Алберта Ројал Тирел изјави дека експертскиот тим го завршил проучувањето на фосилот што бил откриен во декември. Според него фосилот е стар меѓу 100 и 114 милиони години и од родот морски влекач плиозор.

Д-р Хендерсон истакна дека костурот на плиозорот е цел, но оти недостига черепот и дел од крилата.

Тоа е четврти плиозор пронајден во последните три години.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто