Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар во знак на протест поради притворените сопартијци ја напуштија денешната седница на која се разгледува нацрт буџетот за наредната година.
Иако денеска ја напуштија седницата, советниците најавија дека ќе присуствуваат на седницата кога ќе биде ставен предлогот на дневен ред за гласање.
Ова не е прв пат советниците од најголемата опозициска партија демонстративно да ги напуштаат општинските седници. Ваков случај претходно имаше и во општина Ѓорче Петров, Гази Баба, Штип, Гевгелија.
Виктор Јованов