Министерот за правда и заменикот се повлекуваат од Советот за реформи во правосудството

Од:

Министерот за правда Билен Саљији и заменикот Оливер Ристовски ќе се повлечат од Советот за реформи во правосудството, со цел да се одблокира процесот на работа на ова тело во Министерството за правда, дознава „Макфакс“.

Во овој совет членуваат вкупно 27 судии, професори, државни советници… Двајца од членовите се и министерот и заменикот. Од кабинетот на министерот за правда не добивме потврда на информацијата, но заменик-министерот вели дека сите детали ќе бидат познати по завршувањето на утрешниот состанок на Советот за реформи кој започнува напладне.

Изминатиов перод незадоволство од работата на ова тело изразија повеќе професори. „Советот за реформи во правосудството е повеќе декор на Министерството за правда и Владата, отколку вистински Совет за реформи“, обвини професорот по Казнено процесно право при Правниот факултет во Скопје, Горан Калајџиев, кој неодамна поднесе оставка од членството во Советот.

Оставки од повеќето членови на Советот за реформа на правосудниот систем најави и Мирјана Најчевска, член на Советот, доколку Владата не ги уважи сугестиите и барањата на експертите ангажирани во ова тело. Најчевска неодамна изјави дека освен што тие биле именувани за членови без да бидат консултирани, немаат деловник за работа, не знаат која е нивната улога, надлежност, кој им е мандатот. Најчевска вечерва најави дека на следниот состанок на Советот закажан за 19 декември, на која се надева дека ќе присуствуваат министерот за правда и неговиот заменик, дека ќе успеат да се убедат со владата за тоа која треба да биде нивната суштинска улога во реформите на правосудството.

Членови на Советот се Маргарита Цаца Николовска и Мирјана Лазарова Трајковска, поранешни судијки во Европскиот суд за човекови права, универзитетските професори Љубомир Фрчкоски, Мирјана Најчевска, Борче Давитковски, Беса Арифи и Мерсим Максути. Советот за спроведување на реформи во правосудството е дел од Планот 3-6-9 на Владата за реформи.

В.М.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

A1on