Либерално-демократската партија смета дека владеачката коалиција целосно го потроши својот кредибилитет и нема ниту воља, ниту капацитет, да организира фер и демократски избори на кои јасно, без притисоци, закани, уцени и поткуп, ќе биде изразена волјата на граѓаните. Во услови на инсталирање на медиумски мрак, застрашувачко функционирање на полициско-административниот апарат, злоупотреба на огромните финансиски средства со кои располагаат владеачките партии, корумпираните институции и целосно изгубениот легитимитет на Собранието, нема можност да се создаде неопходен демократски амбиент за оджување за регуларни и фер избори.
ЛДП смета дека за надминување на актуелната политичка криза, која се’ повеќе се продлабочува, единствениот излез е истовремено одржување на локални и предвремени парламентарни избори.
При тоa, неопходни се
– темелни измени на Изборниот закон, при што во целост ќе се вградат препораките на ОБСЕ и ОДИХР како и забелешките на Венецијанската комисија;
– целосно прочистување на збирачкиот список;
– рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборната кампања;
– засилен меѓународен мониторинг на изборите.
Од особено значење е транспарентно трошење на финансиските средства од страна на политичките партии за време на изборната кампања. Затоа предлагаме да се формира Комисија која ќе ги следи изборните трошоци. Иако злоупотребата на средствата за финансирање на изборната кампања претставува кривично дело, се’ уште останаа несанкционирани дубиозите на ВМРО –ДПМНЕ од преку 3 милиони евра потрошени за време на предвремените патламентарни избори во 2011 година.
ЛДП смета дека почитувањето и реализацијата на овие стандарди е потребна не само за спроведување на фер и регуларни избори, туку е неопходна за да се врати демократијата, стабилноста и слободата на изразувањето во Македонија, како основен предуслов за просперитет и економски развој на државата.
Во спротивно, со неисполнување на неведените услови, учеството на опозицијата на такви нерегуларни избори ќе биде беспредметно и ќе даде легитимитет на постечкиот авторитарен режим.
Oва се заклучоци на Извршниот Одбор на ЛДП.