Полицијата во Либан денеска уапси таксист, кој што се сомничи за брутално силување и убиство на британската дипломатка Ребека Дајкс во петокот. Таа беше пријавена како исчезната во петокот вечерта, по забава со пријателите во населбата Гемејзе.
Нејзиното тело беше пронајдено покрај автопат во близина на Бејрут. Дајкс работела во Бејрут од почетокот на годинава во канцеларијата на министерството за меѓународен развој во британската амбасада.
Напаѓачот ја силувал Дајкс, по што ја задавил, покажуваат првичните информации од полициската истрага.