ДС: Неопходна е стратегија за намалување на загадувањето

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека е неопходна Стратегија за намалување на загадувањето на воздухот во која ќе бидат дефинирани краткорочни и долгорочни мерки.

Во оваа насока предлагаме Владата на Република Македонија да формира експертски тим кој ќе ја подготви Стратегијата и ќе предложи измени во законите.

Гасификацијата, користење на обновливи извори на енергија за затоплување, како и ригорозни мерки спрема потенцијалните загадувачите (индустриски и други капацитети) се само дел од мерките кои деновиве се предлагаат.

Врз основа на научни студии, Градот Скопје и општините, да подготват конкретни програми за намалување на загадувањето на воздухот (урбани решенија со кои не се попречуваат ветровите, зелени површини, такси возила на електричен погон, бесплатен јавен превоз, исфрлање на цврсти енергенси за затоплување, забрана на користење на машинско улје за затоплување и др.).

Научните студии, Стратегијата и програмите за намалување на загадувањето, како и долгорочните решенија треба да се подготват во најкус можен рок и паралелно да се преземаат и краткорочни мерки.

Плановите за почист воздух да се подготвуваат тогаш кога е ветровито, а воздухот чист“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија

Демократски Сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх

Трајанов го поднесе законот за една изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, но со гласање на дијаспората