А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Сијарто во посета на Македонија

by А1он18/12/2017 - 08:47205
Share0

На покана на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров денеска во официјална посета на Македонија ќе престојува неговиот унгарски колега Петер Сијарто.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во рамки на посетата, предвидено е Сијарто да биде примен од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, од претседателот на Собранието, Талат Џафери и од претседателот на Владата, Зоран Заев. Сијарто ќе се сретне и со замениците на претседателот на Владата, Бујар Османи и Кочо Анѓушев.

Димитров и Сијарто ќе разговараат за билатералните односи, европската и евро-атлантската интеграција на Македонија, како и за внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите. Се очекува тие двајца да разменат мислења за актуелните регионални и меѓународни прашања.

За време на посетата ќе потпишат и Акциски план за соработка меѓу МНР на Македонија и МНР на Унгарија за 2018 година, кој предвидува конкретни форми и активности за натамошна соработка меѓу двете министерства.

Следете a1on на Youtube YouTube
mnrungarija

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Медиумскиот магнат од ерата на Орбан ги нуди компаниите на државата, полицијата потврди дека ги истражува

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 10:45

Маѓар бара оставка од унгарскиот претседател, во спортивно се закани со уставни измени

Катерина Ѓуровски15/04/2026 - 13:51

Кој е Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија?

А1он13/04/2026 - 09:1413/04/2026 - 09:17

Падна Виктор Орбан, голема победа за Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 21:4312/04/2026 - 21:48

Орбан убедливо губи, покажува истражување

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 19:4712/04/2026 - 21:43

ВИДЕО: Се појави снимка, се тврди дека докажува изборна измама на владеачката Фидес во Унгарија

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 18:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто