ЛИДЕМ: Благодарение на децениските погрешни политики, Скопје e втор најзагаден град во светот!

Од:

„Свесното и системско уништување на зеленилото и дрвата, збогатено со ефектот од скопската урбана мафија поддржана од минатата власт, меѓу другото, доведе до енормна загаденост и лош квалитет на воздухот.

Нивната негрижа за основното човеково право, запишано и во Уставот на Република Македонија, правото на заштита на животната средина, нѐ направи сите нас да бидеме жртви на нивната децениска погрешна политика.

Оттаму, Македонија, поточно Скопје според истражувањето на „AirVisual“, го зазеде второто место во светот по загаденост и лош квалитет на воздухот и тоа веднаш после Калкута, Индија.

ЛИДЕМ како активен политички подмладок се залага за почитување на правото на заштита и унапредување на животната средина и е голем поддржувач на политиките за намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на индексот на квалитет на воздухот.

Сакаме да дадеме поддршка на политиките и заложбите на централната и локалната власт за подобрување на моменталната состојба, а воедно да понудиме и дадеме помош во реализацијата на тие политики.

Во согласност со политиките и мерките кои што треба да се преземат, ЛИДЕМ ги предлага следните:

– Строга имплементација на легислативата за здрава животна средина и против загадување на воздухот;

– Поголема контрола на горењето отпад во депониите и засилени казни за непочитување на наложените мерки;

– Поголема контрола во фабриките во Скопје и околината, повисоки казни за непочитување на стандардите за заштита на животната средина;

– Промовирање на алтернативни, незагадувачки форми на греење;

– Активно вклучување во процесот на подигнување на свеста кај граѓаните за употреба на јавниот превоз, велосипедите и други форми на превоз кои не придонесуваат кон натамошно загадување

– Активно рециклирање на отпадот (електронскиот отпад, стакло, лименки, пластика итн.);

– Воведување на итен мораториум на сечата на дрва и намалувањето на зелените површини во главниот град;

– Правилна едукација на населението за животната средина е една од најголемите мерки што може да се преземат во однос на зачувување, заштита и унапредување на истата како и;

– Повисок степен на соработка на државните институции, приватниот сектор и граѓанските организации во полето на заштита и унапредување на животната средина“, се вели во соопштението на ЛИДЕМ.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Младите либерали ги предизвикаа врсниците да направат маска и да се заштитат од Ковид-19

Ана Ололовска

Зајкова до Стоилковски: Не на груевистичкиот, шовинистички и крајно мизерен однос кон жените!

Ана Ололовска

ЛиДеМ: Младите се ЗА просперитетна иднина овде во Република Македонија

Ана Ололовска

ЛиДеМ: Повеќе Канцеларии за млади, повеќе проекти, повеќе млади во Македонија

Наум Локоски

Моника Зајкова: Тажно е што кадрите на Груевски, се обидуваат да го „вадат од кал” својот поранешен лидер

Ана Ололовска

ЛиДеМ со поддршка сите лице слободно да ја изразат својата сексуална ориентација и родова припадност

Наум Локоски