Група китови убијци се заробени меѓу глечери во заливот Хадсон во Канада, во близина на градот Инукјуак, јави Анадолија.
Џони Вилијамс, локален жител, потврди дека случајот е пријавен до Министерството за риболови и океани, иако се уште нема официјална реакција.
Китовите убијци имаат потреба од помош, а заробени се повеќе од 12. Според Вилијамс китовите се потешко дишат бидејќи не можат да се движат.
Во соопштението на Министерството за риболов и океани се наведува дека група експерти се упатиле кон областа во која се наоѓаат китовите.