Според продуцентот Томи Салковски, фрапантна е бројката на долговите што се создадени во Агенцијата за филм, но тие проекти што добивале средства по сомнителен пат никако не смеат да бидат повод за овој удар врз филмската дејност.
Тој е оптимист дека на средбата со министерот Роберт Алаѓозовски ќе се најде решение да се коригира неправедната респределба на средства со која се нанесува директна штета на кинематографијата и на филмските професионалци.