ВИДЕО: На 22. декември ќе се гласа за новиот јавен обвинител

Од:

Со денешната расправа, се исцрпе диксусијата по прелдогот за именување на новиот јавен обвинител, Љупчо Јовески.

Пратениците за Јовески ќе гласаат на седницата закажана на 22. декември.

Пратеникот Томислав Тунтев во името на СДСМ ги повика пратениците да го поддржат предлогот и како што рече да изберат човек од фелата и професионалец, со кој ќе започнат реформите во правосудството.

„Сметам дека Јовески е најдоброто решение, тој важи за човек кој се држел до словото на законот. Поддржан е и од Советот на јавни обвинители, а ниту опозицијата на претходната распрва немаше забелешки на неговата професионална биографија. Ја повикуваме опозцијата иако не е во Собрание, вонинституционално да даде поддршка на прелдогот и Јовески да избереме со консензус“, рече Тунтев.

Поддршка на предлогот дадоа и коалициските партнери од ДУИ. Џеват Адеми рече дека имал дилема за годините на Јовески, но сепак како што рече неговото искуство му влеало надеж дека оваа институција ќе тргне напред.

„Павосудниот систем во државата се уште е во транзиција, но сепак реформите за кои се залагаме ми влеваат надеж дека ќе има промени. Јас сум стар пратеник и горд сум што не гласав за поддршка на Зврлевски. Ќе се гордеам кога ќе гласам за Љупчо Јовески. Се надевам дека овој правник пред пензија ќе оди со крената глава и дека криминалците ќе ги изведе пред лицето на првадата“, рече пратеникот Џеват Адеми од ДУИ.

Пратеничката група на Беса имаше забелешка на изборот на Јовевски, при што пратеникот Фадил Зендели рече, дека тој како судија учествувал во афера во 90-те за апсење на група Албанци.

„Оваа институција за Албанците важи за една од попроблематичните. Имаме искуство со поднесени голем број обвиненија против Албанците. Сакам да прашам дали и Јовевски во 93-та година бил дел од судењето за една афера на група Албанци. Ова е нашата дилема. Инаку, ние кажавме дека ќе дадеме поддршка на реформите кои се добри за граѓаните“, рече Зендели.

По ова, претседателот Талат Џафери ја прочита листата на пратеници пријавени за збор и откако ја исцрпе, ја затвори седницата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како што најавија не беа дел од денешната расправа.

Г.Д.М.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година