Романот „Фрида или за болката“ од Славенка Дракулиќ објавен на македонски

Од:

Издавачката куќа „Икона“ го објави на македонски јазик хрватскиот бестселер „Фрида или за болката” на познатата писателка Славенка Дракулиќ, кој е продаден во повеќе од 10.000 примероци и преведен на англиски од најголемиот светски издавач „Пингвин“. Книгата е еден вид биографија на славната мексиканска сликарка Фрида Кало, сопруга на прочуениот сликар Диего Ривера.

– Но „Фрида или за болката” не е толку животопис на Кало, колку што е интимен опис на болката, а во таа смисла и на животот како болка. Љубовта и болката се опсесивни теми за Славенка Дракулиќ, а во Фрида Кало пронашла хероина која и овозможила да ги истражи најдлабоките и најосновни чувства кај човекот. Фрида, и покрај постојаната и неподнослива болка предизвикана од многубројните операции, живеела интензивно и исполнето. Нурнувајќи се во нејзиниот свет, со многу деликатност, Дракулиќ напиша фасцинантен роман во кој постојано се испреплетуваат јазикот на болката и јазикот на љубовта, соопшти издавачот.

Славенка Дракулиќ (Риека, 1949,) е меѓу најпознатите и најпреведуваните писателки на Хрватска. Објавува есеи, романи и стручна литература и пишува за повеќе весници и списанија. Нејзини најпознати книги се: „Балкан Експрес“ (1992), „Кафе Европа“ (1996), „Како да ме нема “ (1999) „Басни за комунизмот“ (2009)… Во 2005 година ја доби „Лајпцишката книжевна награда за европско разбирање“. Славенка Живее во Шведска и во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Трето издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ЈЕТА, нов роман од Ивана Трајаноска во Или-Или

„Матица“ го објави „Замир“ – силен роман на Хакан Ѓундај што веднаш влезе и во „Априлско разлистување“

Почина сликарот Илија Пенушлиски