Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Од:

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“ авторско дело на Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана и уредник на истоимениот весник на македонски јазик.

-Ваква разгледница посветена на областа Голо Брдо, за првпат е изработена во Република Албанија. Содржи 15 фотографии од селата во овој прекрасен крај, населен главно со Македонци. Покрај природните убавини со кои Бог ја дарувал областа, има и многу културни историски споменици, кој секој би посакал повторно да ги види, рече за МИА, Ѓурѓај.

Додаде дека ова негово дело има значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство.

-Засега разгледницата ќе биде дистрибуирана низ цела Република Албанија, претставувајќи значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство на Македонците во Република Албанија.

Првото издание на разгледницата е отпечатено со финансиска поддршка на семејството Ѓурѓај.

Во областа Голо Брдо распослани се 22 села, од кои 18 се населени со Македонци, додека во останатите населението е со мешан состав.

Би можело да ве интересира

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности