Во македонскиот КИЦ во Белград одржана музичка вечер – Портрет на Зафир Хаџиманов

Од:

Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград синоќа се одржа музичка вечер посветена на Зафир Хаџиманов.

Настанот го отвори директорот на КИЦ во Белград, Васко Шутаров, кој се осврна на културата на сеќавање кон големиот бард на културата Зафир Хаџиманов, за огромното културно наследство што го остави како на македонската, така и на српската култура.

„Јас сонувам, јас творам, јас водам љубов на двата јазика”, знаеше често да каже Зафир, во неговите интервјуа за српските и македонските медиуми, наведоа од КИЦ во Белград.

Вечерта посветена на Зафир Хаџиманов, почна со неколку одбрани музички инсерти и фотографии, меѓу кои неколку и за првпат јавно презентирани, а продолжи со концерт посветен нему, со неговите најблиски – Бисера Велетанлиќ и Васил Хаџиманов.

Потретот на Зафир Хаџиманов беше инициран и организиран од македонскиот КИЦ во Белград и поддржан од македонското Министерството за култура и туризам.

Би можело да ве интересира

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности