Орден „Свети Никола“ на Општина Штип за првиот претседател Киро Глигоров

Од:

Општина Штип оваа година орденот „Свети Никола“ ќе го додели постхумно на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, соопшти на прес-конференција градоначалникот Благој Бочварски.

„Носители на признанието 19 Декември за 2017 година се: Наташа Петровиќ, Сања Арсовска, Бобан Николов и Трајан Ангелов. Станува збор за наши сограѓани со особени и вонредни достигнувања во нивните професионални области.
Ние штипјани мораме да научиме да ги цениме вистинските вредности и да ги испочитуваме вистинските македонски херои и патриоти. Затоа,чест ми е да обзнанам пред јавноста, дека оваа година одличјето Орден Свети Никола постхумно му го доделуваме на првиот претседател на Република Македонија, нашиот сограѓанин, Киро Глигоров.

Како негови сограѓани, имаме должност да ги зачуваме од заборав неговите големи достигнувања, да покажеме доблест и капацитет да му го обезбедиме вистинското место во историјата на нашата земја.

Претседателот Киро Глигоров е историска фигура со огромни заслуги, за коишто, што и да направиме, ќе биде малку за да му се оддолжиме и заблагодариме. Но, мораме активно да работиме на одржување на споменот на патриотизмот, храброста, мудроста и решителноста на човекот со највпечатливата биографија во современата македонска историја. Таа должност ја имаат сите граѓани на Република Македонија, но особено ние, штипјани“, рече градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство