Посетата на медијаторот Метју Нимиц на Атина, грчките дипломати ја оценија како одбележување на „многу раната фаза“ од новите напори за решавање на спорот.
Ова го пишува провладиниот весник „Катимерини“ додавајќи дека извори од Министерството за надворешни работи потврдиле дека Нимиц не донел специфични предлози туку презентирал „рамка“, која може да биде употребена за да се најде решение. Врз основа на ова, истите извори изразиле оптимизам дека предлогот што ќе го донесе Нимиц на следниот состанок ќе го задоволи барањето на Грција за решение кои ќе содржи географска одредница.
Медијаторот вчера во Атина се сретна со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос и со премиерот Андонис Самарас.