Дачиќ: Разговор со Харадинај ако биде премиер

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека за решвање на проблемот на Косово би разговарал и со Рамуш Харадинај доколку тој би бил косовски премиер.

– Ако би бил премиер, јас не би имал избор. Доколку стане премиер јас нема да имам можност да кажам оти не сакам, бидејќи од друга страна тој е некој кој мене не ми одговара. Преговорите не се водат само со оние со кои сакате, туку и со оние со кои имате проблеми, рече Дачиќ во интервју за телевизијата Ал Џазира.

Тој појасни дека одлуката да разговара со Хашим Тачи било тешко да се донесе, бидејќи никој друг не сакал, но и затоа што на себе презел голем ризик кој можеби не е политички исправен.

Дачиќ исто така истакна дека Србија мора да се избори за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Говорејќи за предлог резолуцијата за Косово, Дачиќ рече дека целта е да се постигне што поголема согласност на партиите, да се понуди решение за најактуелниот проблем, а тоа е „паралелизам и парализа на институциите“, како и да се сочува дијалогот во Брисел, бидејќи тој е важен за европскиот пат на Србија.

Би можело да ве интересира

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад