САД: Иран стои зад неодамнешниот напад врз Саудиска Арабија

Од:

Иран стои зад неодамнешниот напад врз Саудиска Арабија, обвини Ники Хејли, американската амбасадорка во Обединетите нации денеска на прес0конференција.

Таа прес-конференцијата ја одржа пред остаток од проектилот што јеменска шиитска вооружена група го истрела кон аеродромот во Ријад и кажа дека вмешаноста на Иран е несомнена.

– Имаме несоборливи докази дека Иран намерно ги крши своите меѓународни обврски и дека се обиде, но не успеа, да ја прикрие својата вмешаност. Оваа ракета била направена во Иран, испорачана на Хути герилци, кои ја истрелаа врз цивилен аеродром каде можеше да убие стотици недолжни цивили, изјави Хејли.

Саудиска Арабија и Иран се вклучени во низа воени конфликти на Блискиот Исток, а во граѓанската војнва во Јемен, Иран ги поддржуваа шиитите Хути, додека Саудиска Арабија е на страна на сунитската Влада. Саудиска Арабија воведе ембарго врз Јемен со цел да го спречи Иран да ги вооружува Хутите, но го обвини Иран дека сепак успеал да внесе балистички проектили со кои Хутите сега им се закануваат на саудиските градови.

Портпаролката на иранската мисија во ОН, Алиреза Мирјусефи, ги отфрли обвинувањата од Хејли.

– Американската Влада има своја агенда и постојано работи на тоа да ја измами јавноста. Целта на овие обвинувања е да се тргне вниманието на јавноста од разурнувачката војна која Саудиска Арабија ја води во Јемен, со поддршка на израелскиот режим, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија