Бугарско-македонски бизнис клуб ќе ги јакне економските односи меѓу двете држави

Од:

Зајакнување и развој на економските односи, унапредување на бизнис релациите меѓу Македонија и Бугарија, како и постојано стимулирање на деловните и општествени иницијативи ќе бидат во фокусот на активностите на Бугарско-македонскиот бизнис клуб (БМБК) кој беше промовиран денеска во Скопје.

На промоцијата на која присуствуваше и бугарска делегација предводена од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова во чиј состав беа повеќе стопанственици, претседателот на клубот Никола Поп-Илиев истакна дека формирањето на ваков клуб следи по констататцијата дека во делот на економската соработка меѓу двете земји има големи празници кои треба да се пополнат.

– Го користиме позитивниот тренд на меѓусебните односи кој го поставија претходните политички гарнитури, актуелните премиери на Македонија и на Бугарија, како и целокупното бугарско и македонско општество, а последно време и верските заедници. Оценивме дека е момент да дадеме и ние придонес кон подобрување на нашите односи и во сегментот на економската сфера, рече Поп-Илиев.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски