ВИДЕО: Беса нема да учествува во расправата за законот за јазици и нема покана за во владината коалиција

Од:

По вчерашниот бојкот на пратеничката група на БЕСА, на Комисијата за европски прашања, откако претседателот Артан Груби од ДУИ, не им даде збор за време на расправата, пратрникот на БЕСА, Фадиљ Зендели, кажа дека нема да учествуваат во денешната дебата, последна на комисијата, поврзана со предлог-законот за јазици.

„Нема да учествуваме во дебатата која е свикана бидејќи ќе продолжи театарот на комисијата. Тие вчера покажаа што став има нивната партија, ние имаме наши ставови различни од нивните. Ние сакаме да се прифатат нашите амандмани.

– Ние имаме два амандмана, со цел официјализирање на албанскиот јазик во институциите. Вчера од ДУИ беше одбиен амандманот за промена на името на предлог-законот. Нема да учествуваме во дебата на реплики и контра-реплики”, рече Зендели.

Зендели рече дека БЕСА засега нема покана да биде дел од владеачката коалиција.

К.Л.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година