Групна изложба „СВЕДОШТВА – ВИСТИНА ИЛИ ПОЛИТИКА: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни”

Од:

Визуелниот уметник Филип Јовановски учествува во групната изложба „СВЕДОШТВА – ВИСТИНА ИЛИ ПОЛИТИКА: Концептот на сведоштва во спомен на југословенските војни”, која се отвора денес (14.12) во 18 часот во Музејот на современа уметност Галерија – легат Милица Зориќ и Родољуб Чолаковиќ во Белград.

Изложбата е курирана од уметницата и активистка Ноа Трајстер (Центар за културна деконтаминација од Белград) и кустотосот од Музејот на современа уметност од Белград, Зоран Ериќ.

Јовановски ќе се претстави со делото „Предлог за споменик на комунистичката курва”, аудио опера во пет делови кој како истражувачки процес го работеше во соработка со кураторката Ивана Васева и дизајнерот на звук Сашко Потер Мицевски.Ова е најново дело на Јовановски во кое продолжува да го истражува неговиот долгогодишен интерес кој е фокусиран на конфликтот помеѓу доминантниот дискурс – националистичкиот и конзервативен кој го потиснуваше јавното мислење во изминатите 11 години во македонскиот културен и политички живот, и другиот, оној потиснатиот – модернистичкиот и прогресивен.

Јовановски вели: „Насилството беше доминантен параметар кој во изминативе 11 години беше искористено во разни манифестации и ситуации од претходната влада и беше визуелно материјализиран преку различни проекти, меѓу другото, највидливиот – проектот Скопје 2014.

Друго нешто што преовладуваше во јавниот дискурс е етикетирањето и стигматизацијата на прогресивните гласови, можеби најконтроверзната од сите нив е фразата КОМУЊАРИ, КОМУЊАРСКИКУРВИ.
Но, што значи тоа во вистинскиот, политички живот? Зошто луѓето особено ја користат таа фраза и што значи тоа за нив?

Постои “манифест” кој беше дистрибуиранод страна на Општина Центар во 2010 година, со што беа” објаснети” идеолошките позиции на проектот Скопје 2014, особено преку една од најистакнатите изјави во истиот: Бидејќи естетиката беше декадентна и го корумпираше нивниот комунистички морал- што се однесуваше на модернистички згради и модернистичкo, пост-земјотресно Скопје.Овој “манифест” ги исцрта линиите на националистичкиот дискурс во следните седум години, дискурс на насилство што го окупираше политичкиот живот во земјата.

Меѓу другото Јовановски вели: Во ова дело ги судирам доминантните позиции на овие два дискурса во една уметничка форма на звучна опера, со цел повторно да ги преиспитам.Во проектот Скопје 2014 недостига уште споменикот на комунистичката курва за да насилството биде комплетно, па ајде да го изградиме!”.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски