Членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска во 13 часот ќе ја продолжат амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците.
Претседателот на Комисијата Артан Груби вчера прво најави дека за амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе се расправа на 25 декември, кога ќе биде третиот и последен ден за расправа по амандманите. Но, подоцна, излезе со соопштение дека, сепак, третиот ден од амандамнската расправа ќе се одржи денеска.
Пратениците од опозицијата, како што најавија, не присуствуваат на седницата на Комисијата, а се очекува тие да се вклучат во работата на Парламентот по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ предвиден за 23 декември.
Најголем дел од 90. амандмани за Предлог законот за употреба на јазиците 84 има поднесено ВМРО ДПМНЕ, 4 СДСМ и 2 БЕСА.
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат и комисиите за здравство, за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.