Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ денеска ќе биде отворена во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар.
Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели, преведени на македонски и албански јазик, кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна.
Изложбата ќе биде отворена за посетители до 30 декември 2017 година, а влезот е бесплатен.