Само 20 луѓе ќе имаат Lamborghini Sesto Elemento

Од:

Сериската верзија на моделот Sesto Elemento ќе се разликува од концептот што компанијата го претстави во 2010 година.

Внатрешноста на Sesto Elemento ќе го задржи хајтек изгледот од концептот, вклучувајќи го и возачкото седиште кое ќе се изработува според телото на секој сопственик.

Sesto Elemento е замислен како супер-автомобил наменет за возење по патека, а ќе го придвижува истиот мотор што ќе се вградува и во моделот Gallardo LP570-4 Superleggera – односно 5.2 литарскиот V10 агрегат кој развива 570 коњски сили и има 540Nm вртежен момент.

Силата се пренесува на сите четири тркала преку 6-степениот автоматизиран мануелен менувач. Со масата од 999 килограми, овој модел ќе биде во можност да забрза до „стотка“ за само 2,5 секунди, а неговата максимална брзина ќе изнесува 322 километри на час.

Планирано е производството да почне до крајот на 2013 година, а кога ќе се појави во продажба, Lamborghini Sesto Elemento ќе чини околу 2 милиони евра.

Предвидено е да бидат изработени само 20 автомобили, а се верува дека сите примероци се веќе резервирани.

Би можело да ве интересира

„Хјундаи“: Сите наши возила се со ист квалитет

Емир Латифовиќ

„Киа“ ги објави првите фотографии на новиот „Соренто“

Емир Латифовиќ

Доаѓа освежениот Citoren C3

Емир Латифовиќ

GMC отвора 2.600 работни места во Бразил

Емир Латифовиќ

Нов концепт од Honda наречен Gear

Емир Латифовиќ

Top Gear се враќа

Емир Латифовиќ