Дојдено е времето за признавање на независноста на Палестина, оцени министерот за надворешни работи на Словенија, Карл Ерјавец.
Тој ваквата изјава ја даде по средбата на лидерите на партиите од словенечката владејачка коалиција.
Според словенечките медиуми, водечката партија во владината колаиција, Партијата на модерниот центар (СМЦ) на премиерот Миро Церар била резервирана по ова прашање, додека Социјалните демократи (СД) на Дејан Жидан го поддржуваат признавањето на „Палестина“, но во координација со другите членки на Европската унија.