Бугарија ќе финансира 55 проекти вредни 3.541.706 лева (околу 1,8 милиони евра) во земјите од Западен Балкан и Источното партнерство, одлучи бугарската Влада.
Од тие средства ќе се финансираат пет проекти во Република Македонија, во здравството и за децата со посебни потреби.
Дел од средствата ќе бидат наменети за 21 проект во Србија, на невладини организации, омбудсманот, образовни институции и мали бизниси.
Во Босна и Херцеговина ќе бидат имплементирани 12 проекти, главно поврзани со поправки во детските градинки и нови игралишта.
Проект за зајакнување на капацитетот на институцијата Народен правобранител ќе биде спроведен во Албанија.