Кривичен и Апелација во ист ден му закажаа судење на Заев

Од:

За понеделник, 25 декември, во 11.30 часот Апелациониот суд ја закажа јавната седница на која треба да одлучува по жалбата на адвокатите на премиерот Зоран Заев.

Истиот ден кога апелационите судии треба да расправаат дали видеото од посебните истражни мерки, кое беше објавено на „Јутјуб“, може да биде доказ во постапката во кривичниот суд е закажано судењето за случајот „Поткуп“ во кој Заев е обвинет за примање поткуп.

Претходната расправа во Апелациониот суд по жалба на адвокатите на Заев беше одложена на неопределено време. Причината за одлагањето е тоа што судијата Африм Фидани стана врховен судија.

Судија известител за предметот е новоизбраната апелациона судијка Тања Милева, која е сопруга на членот на ДИК, Игор Милев, кој, пак, поднесе оставка на функцијата. Taа не одговори на повикот на „Макфакс“.

Еден од адвокатите на Заев, Ване Андреев, изјави дека очекува судењето за Заев во кривичниот суд да биде повторно одложено бидејќи апелационите судии сè уште не одлучиле за жалбата за ПИ-мерките, а и самиот предмет не се наоѓа во кривичниот суд.

Според обвинителството, Заев, во својство на службено лице, градоначалник на Струмица, од струмички бизнисмен побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое бизнисменот бил заинтересиран да го приватизира. Во обвинението пишува дека една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица. Заев, пак, тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот, но до денеска од неа нема ништо.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито