Владата го усвои дополнетиот предлог-буџет за 2018 година

Од:

На денешната редовна седница Владата на Република Македонија го усвои дополнетиот предлог на Буџетот за 2018 година со прифатените амандани од комисиската расправа во Собранието на Република Македонија.

Министерот за финансии ги информираше членовите на Владата на Република Македонија дека во дополнетиот предлог Буџет за 2018 направени се зголемувања на финансиски средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, блок дотации за градинки, основни и средни училишта, културни установи на регионално ниво со зголемување од 200 милиони денари, во Фондот за здравство од 100 милиони денари и во Инспекторатот за животна средина од 10 милиони денари.

Буџетот за 2018 година веднаш по усвојувањето е пуштен до Собранието на Република Македонија на усвојување.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој