Макрон вети затворање на нуклеарната централа кај Фесенхај

Од:

До крајот на мандатот, Макрон ќе ја затвори нуклеарната централа кај француското место Фесенхај, на границата со германија, најави францускиот претседател.

Во интервјуто за парискиот весник „Монд“ тој вели дека лидерската улога што Франција ја презеде во борбата против климатските промени, откако САД се повлекоа од Парискиот договор, ќе ѝ помогне на земјата да привлече нови инвеститори.

Макрон вети дека неговата земја ќе го зголеми износот кој им го дава на земјите од јужната хемисфера за прилагодување на климатските промени до 2020 година, кој од тогаш треба да изнесува 1,5 милијарди евра.

Францускиот претседател смета дека е потребна многу поголема мобилизација за да се задржи зголемувањето на температурите под прагот од 2 степени Целзиусови.

– Ние сме многу далеку од целта на Парискиот договор за задржување на порастот на температурите под прагот од 2 степени Целзиусови, па дури и ако е можно до 1,5 степени. Без една многу посилна мобилизација, без еден потрес во нашиот начин на производство и развој, нема да успееме, вели Макрон во интервјуто за „Монд“.

Тој додаде дека меѓународните ангажмани денеска не поставуваат на траекторија од 3,5 степени просечно затоплување.

Макрон верува дека Парискиот договор ослабел откако САД одлучија да се повлечат од него.

– Она што ќе ја спаси климата, не се класичните големи дипломатски средби на врвот, туку секојдневната мобилизација, поголемата транспарентност, постојаниот поттик и сите составни елементи на општеството заедно, заклучи Макрон.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ