На групна промотивна фотографија се најде и освежената E-Class на Mercedes-Benz во AMG верзија.
E63 AMG ќе го има своето деби во Детроит, а се очекува под поклопецот на моторот да се најде 5.5 литарски V8 мотор кој испорачува 550 коњски сили и 720 Nm вртежен момент.
Од Mercedes-Benz сеуште не сакаат да ги објават официјалните бројки и податоци, но потврдија дека ќе може да се нарача 4Matic систем за погон на сите четири тркала.