Роднините на Папаконстантину негираат дека се вмешани во скандалот „списокот на Лагард“

Од:

Роднини на поранешниот грчки министер за финансии Јоргос Папаконстантину, кој е во центарот на скандалот околу „списокот на Лагард“, демантираа дека се вмешани во случајот и денеска дадоа изјави пред финансиските обвинители во својство на „осомничени“ сведоци.

Скандалот со списокот на лица со сметки во филијала на швајцарската банка ХСБЦ избувна откако од него беа избришани имињата на роднините на тогашниот министер за финансии Папаконстантину. Списокот беше испратен од Париз во 2010 година.

Адвокатот Елени Папаконстантину изјави дека банкарските сметки во Швајцарија, на кои во 2007 година имала 1,2 милиони долари се целосно законски и негираше дека побарала од својот братучед да ги скрие тие сметки.

Таа беше сослушна како „осомничен“ сведок под четири обвиненија, меѓу кои даночни измами и поттикнување за фалсификување на документ. Заедно со неа беа сослушани и нејзиниот сопруг и сопругот на нејзината сестра.

Јоргос Папаконстантину негираше дека го изменил списокот и тврди дека е жртва.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната