Жуков: Одлуката на ИОК е неправедна

Од:

Претседателот на Рускиот олимписки комитет Александар Жуков ја оцени како неправедна неодамнешната одлука на Интернационалниот олимписки комитет, според која руските спортисти можат да учествуваат на Зимските олимписки игри во 2018 година во Пјонгчанг само како „олимписки спортисти од Русија”.

– ИОК донесе невидена одлука со која им се оневозможува на нашите спортисти да се натпреваруваат под своето знаме. Со ваквиот пристап, ИОК го воведува принципот на колективна одговорност. Логиката на одлуката покренува големи сомнежи. Не може да им се забрани на сите наши спортисти правото да учествуваат на Игрите под знамето на својата земја и не е во ред да се забрани интонирање на нашата химна, изјави Жуков.

Меѓународниот олимписки комитет Одлуката за суспензијата на руските спортисти ја донесе врз основа на доказите за систематски повеќегодишен допинг под закрила на државата.

Зимската Олимпијада во Пјонгчанг ќе се одржува од 9 до 25 февруари.

Би можело да ве интересира

Русија ќе бидe суспендирана од сите спортски федрации и настани

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

ИОК: Спортистите треба да се натпреваруваат во категоријата пол во која најдобро се чувствуваат

Ана Ололовска

Трет мандат за Бах на чело на ИОК

ИОК може да го исклучи кревањето тегови од Олимпијадата во 2024 година

Ана Ололовска

ИОК ќе донесе конечна одлука за Олимпијадата во Токио не подоцна од четири недели

Ана Ололовска