Во Париз, денеска почнува средба на врвот, посветена на климатските промени, наречена „Една планета“, но овојпат САД нема да бидат претставени од високи функционери.
Самитот „Една планета“ (One Planet Summit), е организиран на предлог на Франција, во соработка со ОН и Светска банка, а пред се поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги повлече САД од климатскиот договор. Датумот не е избран случајно, туку поради симболиката што денеска се навршуваат точно две години откако на Меѓународната конференција на ОН за климатските промени беше усвоен историскиот Договор за борбата против глобалното затоплување.
Во пресрет на денешниот Самит, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека неговиот американски колега ќе понесе историска одговорност поради одлуката за повлекувањето од Парискиот договор за климата.