Предавање за „Состојбата со човековите права“ денеска на Факултетот за безбедност – Скопје ќе одржи амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп.
Предавањето во рамки на Дипломатски форум на Факултетот ќе се одржи по повод одбележувањето на Денот на човековите права.
Амбасадорот Пломп за време на престојот ќе се сретне со деканот на Факултетот за безбедност Скопје, Никола Дујовски и ќе се разговара за идната соработка согласно развојниот план во претстојниот период.