Манасков меѓу седумте најдобри млади ракометари на СП

Од:

Во пресрет на Светското првенство во ракомет во Шпанија хрватски „Индекс“ направи листа на седумина млади ракометари што ги смета за иднина на светскиот ракомет. Меѓу нив е и левото крило на македонската репрезентација Дејан Манасков.

Покрај Манасков, на листата се наоѓаат Филип Ивиќ (Хрват, голман – Загреб), Дејан Манасков (Македонец, лево крило – Металург), Павел Пачковски (Полјак, десно крило – Висла Плоцк), Михаел Марсениќ (Србин, пикер – Партизан), Арон Палмарсон (Исланѓанец, лев бек – Кил), Ксавиер Барачет (Француз, десен бек – Атлетико Мадрид) и Пабло Симонет (Аргентинец, среден бек – Енкантада).

Како резерви се наведени: Матеја Габер (пикер – Горење), Ваел Џалуз (лев бек – Кил) и Стефан Рафн Сигурмансон (лев бек – Кил).

„Индекс“ прогнозира дека Македонија ќе го освои третото место во групата во која се натпреварува во групната фаза на Светското првенство, и оти ќе се пласира во осминафиналето. На табелата пред Македонија, според „Индекс“ се Данска и Исланд, а со послаби резултати Исланд, Русија, Катар и Чиле.

Македонската ракометна репрезентација, на денешната прес-конференција на неполни три дена до почетокот на Светското првенство, најави дека очекуваат најмалку пласман во осминафиналната фаза, а потајно се надеваат и на освојување медал.

– Оптимистички сме расположени и со позитивни мисли заминуваме во Севиља. Посакуваме со две победи да го почнеме Мундијалот. Веќе обезбедивме снимки од подготвителните натпревари на Чиле и Катар. Одиме без калкулации на секој натпревар. Реалноста е пласман во 1/8 финалето, а желба е медал, истакна селекторот Звонко Шундовски.

Што се однесува до натпреварите против европските репрезентации од нашиот состав сметаат дека најголеми шанси за успех имаме против Исланд, а фаворитската улога во групата се препушта на Данска и на Русија.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ