Дачиќ: Изразено целосно државно единство во врска со Косово

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска изјави дека Владата едногласно ги усвоила двата документа поврзани за Косово и со тоа е искажано целосно државно единство кога станува збор за оваа значајна тема, која е суштинско прашање од национални и државни интереси.

Владата ја усвои платформата, која нема да биде претставена во јавноста, и предлог-резолуцијата, која ќе биде ставена на гласање во Парламентот.

– Пораката на резолуцијата е дека сакаме сеопфатно решение, дека ќе продолжиме со дијалогот и со изнаоѓање решение. Имаме потреба да ги одбраниме нашите национални и државни интереси и да предложиме да мислиме како Србите треба да се организираат и да живеат на Косово во услови кога нема конечно решение, како што е предвидено со Резолуцијата 1244, истакна Дачиќ.

Тој додаде дека шефот на државата Томислав Николиќ и предложил на Владата платформа за политички разговори со претставниците на институциите во Приштина, која била прифатена.

– Секако се тргнува од тоа дека Србија нема да ја признае еднострано прогласената независност на Косово, истакна српскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад