Обвинетите управни судии во „Титаник 2“ се повикале на имунитетот

Од:

Судиите од Управниот суд кои се обвинети во случајот за изборни измами „Титаник 2“ се повикале повторно на имунитетот кој Судскиот совет им го одзеде на седница во август, дознава „Макфакс“. Советот за оценка на обвинението при кривичниот суд не прифати за злоупотреба на службената положба да одговараат петте управни судии Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзула кои донесуваа одлуки за прегласување во општините Чаир и Струмица. Одлуката на Судскиот совет беше резултат на барањето на судијката Верка Петковска за оценка на имунитетот на обвинетите судии.

Сега предметот по жалба на специјалното јавно обвинителство е на одлучување во Апелациониот суд, кој треба да реши дали ќе ја преиначи или потврди одлуката на првостепениот суд. Судиите изјавиле дека делото „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од кривичниот законик, за кое се обвинети, може да биде извршено само со директна умисла. Судиите тврделе дека немале таква намера кога гласале за приговорите по тужбите кои тогаш стигнале до Државната изборна комисија.

Во „Титаник 2“ обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, членот на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Срцев, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими и Анета Стефановска и Влатко Сајковски. Од бомбите што ги објави опозицијата се слуша како Мијалков и Тачи меѓусебе договараат како да се гласа за поднесените приговори до ДИК. Од Апелациониот суд не одговорија дали и за кога е закажана седницата за жалбата на специјалното јавно обвинтелство, по која ќе биде познато дали управните судии ќе одговараат за злоупотреба на службената положба.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Комисијата за заштита од дискриминација се жали на пресудата на Управен суд за обвинителката Ленче Ристоска

Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Претседателот на Управниот суд Сејднини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени

Предраг Петровиќ